Први оставки во најблиското опкружување на Меј

0
327

По неуспехот на Конзерватовната партија на британската премиерка Тереза Меј да обезбеди мнозинство во Парламентот, двајца нејзини најблиски соработници поднесоа оставки.

Како што е објавено на веб страницата на конзервативците, оставка поднел Ник Тимоти, еден од шефовите на Кабинетот, а Би Би Си објави дека исто така си заминала и Фиона Хил.

-Причина за разочарувачкиот резутат не е отсуството на поддршка за Тереза Меј кај конзервативците, туку неочекуваното зголемување на поддршката за лабуристите, објави Тимоти, а пренесе Ројтерс.

Агенцијата АП објави дека Тимоти и Хил конзервативците ги обвинуваат за лоша кампања и за непопуларна изборна платформа.

Тереза Меј би требало во текот на денот да го заврши процесот на составување малцинска конзервативна влада, која е значително ослабена на девет ден пред планираниот почеток на преговорите за Брегзит.

http://novatv.mk