Првиот академски час на БАС

0
350

БАС Академијата ја започна новата академска година, на десетата генерација на студенти на додипломските студии по Оперативен менаџмент. Предизвик да бидат присутни на првиот академски час беше за бруцошите.

– Академијата Смилевски беше мој избор поради тоа што има практични студии по оперативен менаџмент бидејќи тоа ме интересира а и во иднина планирам да се занимавам со менаџерство и бизнис, па здравје можеби ќе отворам сопствен бизнис, изјави Јулијана Мицковска студент на БАС

Каде ја гледа иднината после завршување?

– Најпрво би сакала да успеам во мојата земја, па понатаму да го проширам бизнисот во странство а не да заминам таму, додава таа.

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус. На оваа студиска година на прв циклус се запишаа 10% повеќе студенти од претходната година. Велат дека се задоволни од бројот на новозапишани студенти.

– 80% од нашите 360 дипломирани студенти на прв и втор циклус, веќе го добиле унапредувањето ѓто го барале. Имено, најголем дел од нашите студенти веќе имаат неколкугодишно работно искуство, се наоѓаат на менаџерска позиција или сакаат да дојдат до менаџерско место.За вонредните студенти е сосема нормално што добиваат унапредување бидејќи академијата им претставувала само еден чекор во нивната подготовка, а за која веќе биле свесни дека им е потребна. Кај редовните студенти вработувањето е наша крајна цел, како што е речиси за секого во нашето општество.Затоа комбинацијата на ТСП И интегрираната БАС настава им дава на студентите можност да се здобијат со потребните компетенции и да се промовираат во Партнерските организации каде ја изведуваат практичната настава, изјави Проф.д-р Тони Соклевски

БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува како што беше речено голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции , а за квалитетот на дипломата потврдува и нивната нострификација во Шведска, Австралија, Тајван и САД.

Без коментари