Првиот дел на Откриј ја Пелагонија започна во Стење

0
364

Со различни спортски активности, на брегот на Преспанското езеро во Стење, започна месецот на авантура во Пелагонија, со кој овој регион треба да биде промовиран во дестинација за авантуристички туризам.
Љубителите на авантурата имаат можност да уживаат во 20-те организирани настани кои ќе се случуваат на различни места во сите пелагониски општини.
Спортските здруженија во регионот активно се вклучија во програмата.„Откриј ја Пелагонија”, е проект на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и општините што се наоѓаат на територијата на Пелагонија.
Проектот започна со велосипедски маратон и планинско трчање на плажата Стење на Преспанското езеро.12002124_1000400099981197_2441828349712951246_n
На отворањето на проектот „Откриј ја Пелагонија”, присуствуваа градоначалникот на општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски и директорката на ЦРППР. Емилија Ѓероска.
– Овој проект е од особено значење за нашата општина, затоа што преку него го промовираме авантуристичкиот туризам, ја промовираме Пелагонија и општините заедно со нејзините убавини-истакна Стрезовски.
Настанот продолжи со парагајдинг и болдеринг на кои учествуваа бројни учесници од цела Македонија. Долж брегот на преспанското езеро беа поставени шаторите на бројните кампери кои се одлучија да бидат дел авантурата за откривање на Пелагонија.
Авантурата продолжи со посетата на островот Голем град каде што беа презентирани природните убавини од недопрената природа од овој крај.
Во рамките на проектот„ Откриј ја Пелагонија“ координиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, беше изработен визулен идентитет на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам од страна на креативниот тим на маркетинг агенцијата Eyecon Media од Битола.
-Идејата за дизајн на логото како дел од Визуелниот идентитет на регионот е самата природа и нејзините природни форми. Логото произлезе од формата на регионот поделен на 9 делови – асоцијација на деветте општини во Пелагониски регион – истакна Ангела Христовска – креативен директор на MyCreativeTeam.
Во рамките на овој визуелен идентитет беше изработен и Прирачник за користење на логото и Прирачник за користење на визулениот идентитет.
Првиот ден од проектот „Откриј ја Пелагонија” заврши со локални специјалитети, приготвени од врвни мајстори на кулинарството.
Авантурата Откриј ја Пелагонија, продолжува овој викенд во Крушево.