Првиот музички театар се отвара во Битола

0
170

 

Во Битола ќе биде отворен првиот музички театар на Балканот, Moving Music Theatre и тоа со моно-операта „Дневникот на Лудакот”, компонирана и режирана од Марјан Неќак, а во изведба на Озрен Грабариќ.

Moving Music Theatre (MMT) создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби.

Muzicki_Teatar_-_2.jpg

За сите изведувачи, пеачи, музичари, режисери, кореографи и визуелни уметници, ММТ ќе стане лабораторија за истражување идеи и развој на иновативни изведувачки практики низ призмата на музичкиот театар. ММТ исто така ќе работи во сферата на филмот, визуелни уметности и мултимедија како и едукативни проекти за идни млади творци и изведувачи.

Muzicki_Teatar_-_1.jpg

Moving Music Theatre ќе означи почеток и промоција на еден нов возбудлив начин на несекојдневна изведбена пракса.

Иако со седиште во Македонија, ММТ ќе се стреми да ги претстави своите продукции насекаде низ светот. На своите патувања, ММТ ќе биде во потрага по продуценти кои се инспирираат од овој вид на театар.

Премиерата на Дневникот на лудиот е на 10-ти јуни.

Неда Маретиќ