Прво финансиско друштво во Битола SN финансии

0
1954

Во Битола се отвори првото финансиско друштво за брзи кредити SN финансии.

Финансиско друштво е небанкарска финансиска институција која ги врши следните финансиски активности – одобрување кредити, издавање и администрирање на кредитни картички; факторинг и издавање на гаранции.

Исто така финансиско друштво може да ги врши и следниве активности:

1) советување поврзано со финансиските активности и

2) оперативен лизинг.

За физичките лица мотото на SN е Кредит со било која плата и веќе имаат дефинирано повеќе кредитни производи со кои нудат кредити од 50 Евра до 30.000 Евра.

– Очекуваме најбарани да бидат обичните потрошувачки кредити кои се до 10.000 Евра со промотивна каматна стапка до крајот на овој месец од 7%. Овие се ненаменски кредити кои нашите клиенти можат да ги користат за разни намени или за затворање на кредитни картички и кредити во други банки или финансиски друштва – истакнува генералниот директор Никола Јошевски.

Покрај сето ова нудат и кредити за купување на половни возила, хипотекарни и станбени кредити во висина до 30.000 Евра. За правните лица нудат кредити за обртни средства, за инвестиции и нудат разновидни гаранции.

– Во моето долгогодишно банкарско искуство увидов што клиентите бараат и очекуваат од финнсиските институции и тоа го имплементиравме во СН Финансии, а тоа е брзина и флексибилност во одлучувањето затоа нашата политика предвидува одобрување на кредити во рок од 1 час после комплетирањето на документацијата од клиентите, ниски трошоци, нашите камати и провизии се доста ниски и конкурентни, клиентите сакаат однапред да знаат дека во секој момент можат да го затворат кредитот без дополнителни трошоци затоа нашите кредити се без провизија за целосна или парциална предвремена ликвидација – вели Јошевски. СН финансии е втор дел од една веќе успешна приказна која ја реализираме со СН Осигурителен брокер.

СН осигурителен Брокер е основан во 2014 година. За изминатиот период оваа компанија неколку пати го добива приматот најбрзо растечко осигурително боркерско друштво во Макдонија и има отворено експозитури во сите поголеми градови во Македонија.