Прво го удрил со атомобилот, а потоа го нападнал со шипка

0
878

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против А.С. (28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 02.10.2016 година, додека оштетениот О.А. се движел со своето ПМВ „Лада“ со битолски регистарски ознаки по ул.„Беровска“, бил удрен од ПМВ „Даеву Рејсер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од пријавениот. Веднаш потоа пријавениот излегол од возилото и со метална шипка почнал да удира по стаклото од предната лева врата од возилото на оштетениот. Во тој момент од возилото излегол О.А. и пријавениот А.С. почнал и него да го удира со шипката во пределот на главата и телото по што паднал на земјата. По нападот пријавениот веднаш го напуштил местото на настанот, а оштетениот бил однесен во градската болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди.