Прво исплата, па потоа засилувања е планот на Пелистер

0
1209

Пелистер и натаму е во фаза на планирање, а фудбалерите веќе неколку дена не тренираат, бидејќи завршија со планираните тренинзи, но ги очекуваат заостанатите плати како би заминале спокојни на заслужениот одмор. Тренерот Миле Димов добро ја познава ситуацијата и инсистира на засилувања со прволигашки потенцијал и искуство. Но претходно клубот мора да ги дефинира долговите кон сегашниот ростер на фудбалери, за да бидат официјализирани новајлиите. Клубот пак ќе се потпре на голем број на битолски фудбалери, а заостанувањето од 3-4 бода до екипите кои носат влез во Првата лига, опоменува и го принудува тимот од под Пелистер да не го потценува натпреварувањето. Според планот Пелистер треба да ги започне подготовките на 10 јануари, а по една недела работа во Битола во зависност од временските услови, екипата треба да се пресели во Негорски бањи, каде ќе ги реализира главните подготовки за пролетниот дел од шамионатот.