Прво издание на Преспа Урбан фест

0
831

Вистинско летно освежување во Преспа е фестивалот Преспа Урбан Фест кој во организација на Општина Ресен се одржa на Градскиот Плоштад Цар Самоил во Ресен. Веќе две вечери по ред наад 1000 млади доживуваат музичка револуција со познати имиња од македонската естрада.

Фестивалот го отворија Ние (запирка), другарите, Тамара Тодевска и други.

– Илјадници млади се на плоштад во Ресен , илјадници млади во ритамот на прекрасната музика на домашните македонски изведувачи и диџеи се забавуваат и веселат и мислам дека во ваков стил оваа манифестација и ќе заврши како континуитет на Топлиот Културен Бран и Преспанското културно лето кое се одржува во Општина Ресен во организација на општината и поддржано од Министерството за Култура -истакна градоначалникот на Ресен , д-р.Ѓоко Стрезовски на отварањето на овој фестивал.

ДНК, Дј Шорти , Дј Никифор, Дј Јошевски , Екстраваганца, Стефанија, Eye Cue и Дј Баже-Антена 5, настапија останатите денови на фестивалот, каде забавите траат до утринските часови и се стремат да прераснат во традиционални и кои на првото издание на Преспа Урбан Фест докажаа дека младите во Преспа и туристите се желни за ваков вид на забава.

Во останатите изданија на Ритамот на градот, следуваат изјавите со изведувачите и останатите фестивалски вечери.