Прво компромис за името, потоа влез во ЕУ и НАТО

0
625

„Грчката влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на БЈРМ во НАТО под привремената референца, како што интензивно периодов се слуша од различни политички и медиумски извори и во двете држави“, изјавил шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во својот говор во Кожани.

„Сега, кога работите се стабилизираа, повторно ќе дојдат некои европски политичари и ќе кажат дека за да се стабилизира државата, треба да се внесе во НАТО и во ЕУ. Ние немаме ништо против, но тие треба да ги исполнат нивните обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името“, изјавил Коѕиас.

Тој истакнал дека в среда треба да се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со кого немало да разговараат за спорот за името, туку за методот како ќе продолжат преговорите за името.

„В среда доаѓа министерот за надворешни работи на БЈРМ за да дискутираме за тоа како можеме да ги развиеме нашите врски. Имаме предлози за дополнителни мерки за градење доверба и да дискутираме за тоа како може да разговараме во спорот за името. Нема да зборуваме за името, туку ќе зборуваме за методот“, посочил Коѕиас.