Прво место за учениците од ОУ „Климент Охридски“ во Србија

0
623

Учењето може да биде здодевно-обично и креативно- необично, токму и како и реализацијата на целите на редовната програма. Ајде да покажеме колку необични можеме да бидиме ние кога ќе ја вклучиме сета наша љубов, искуство и вештини за креативност со цел да обезбедиме креативна и забавна средина како симулација за учење на нашите ученици. Водејќи се од оваа идеа 6-то одделенците од ОУ „Климент Охридски“ предводени од нивната настивничка, зедоа учество  на Меѓународниот натпревар за образовни и едукативни филмови во Лесковац Србија. Во категоријата Креф Мајнкрафт го освоија првото место. Среќни за постигнатиот успех не пречекаа со дипломите и со пехарот во рака. Како почнала нивната авантура?


-Ги вклучивме сите наши сетила и тргнавме кон остварување на нашата мисија. Низ улиците на Битола уживавме во убавината на старите градби. Со своите телефони направивме безброј фотографии , се одлучивме за три градби, и потоа со трансперентно гласање изборот падна на куќу на Широк сокак. Љубезните домаќини се вклучија во нашата авантура и ни помогнаа и така соба по соба настана нашиот научно истражувачки центар во кој има: лего центар и роботика, центар за развивање на кулинарски вештини, лабараторија за истражување и одгледување на хибридни и градинарски вештини, ботаничка градина, астрономски центар, и така го составивме нашиот финален производ од нашата идеа , изјави Весна Аврамовска Димитровска, одделенски наставник .

За учество на натпреварот постоеле и критериуми на кои што сите учесници морало да се придржуваат.Во конкуренција биле 17 филмови, а од нив 10 влегле во финале.


Камерата и монатажата на филмот се на Агим Џело.

Без коментари