Прво ракување меѓу Трамп и Путин

0
631

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, за прв пат се сретнаа во живо и се ракуваа на самитот на Г20 во Хамбург, соопшти Кремљ.

„Тие се ракуваа и си кажаа дека ќе се сретнат нешто подоцна одделно“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе АФП.

Американскиот претседател Доналд Трамп разговораше со германската канцеларка Ангела Меркел и британската премиерка Тереза Меј на Самитот на Г20 во Хамбург, за време на дискусијата за борбата против тероризмот.

Меркел и Трамп седеа еден до друг, Тереза Меј, седеше лево веднаш до него, а претседателот Владимир Путин седеше неколку седишта подалеку, пренесе АП.

Без коментари