Првоаприлскиот маскенбал низ Битола

0
2844

Популарни супер херои, принцези, филмски јунаци, кловнови, готвачи, балерини, космонаути, фудбалери, чудовишта и уште стотици други маски, продефилираа на Широк сокак на најголемиот маскенбал во Битола.

Денот на шегата, на смеата, на среќата, на местени и лаги, но пред се’ ден кој во Битола се прославува со целодневен маскенбал.

Традиционално и оваа година 1ви Април беше наменет за шегување и маскирање, а особено популарно e дефилирањето на Широк сокак.

Екипата на Тера телевизија подготви изненадување за сите присутни низ битолските кафе барови, а за што точно се работи погледнете од видеото во продолжение.