Првото градско дерби за ракометарите на Пелистер

0
361

Ракометарите на Пелистер славеа над градскиот ривал Еурофарм Работник со 17-25 и му го нанесоа првиот пораз на новиот тренер на „фармацевтите“ Илија Темелковски. По почетните 2-2, Орјоникидзе и Митиќ погодија за 2-5. Паднаа само 9 гола за 21 минута, а резултатот гласеше 3-6.

Избраниците на Алушевски не попуштаа и поведоа со 5-9, а на полувреме и со 7-10. Ракометарите од клупата на Пелистер и Орјоканидзе погодиваа, а и Рајчиќ одлично бранеше. Кога Јагуриновски погоди од контра напад, на 13 минути до крајот гостите поведоа со највисоки 11-17. Орјоканидзе погоди во серија за највисоки седум гола разлика (13-20). Многу полесно од предвиденото тимот на Алушовски го приведе натпреварот кон крај и Пелистер славеше против Еурофарм Работник со 17-25.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Темо Орјоникидзе со 11 голови, додека Чантурија даде 3. Кај Еурофарм Работник по 4 голови дадоа Ојлески и Дрогришки. Веќе следниот викенд екипата на Темелковски ја чека европското деби.