Психолошка драма преку претставата Последната ноќ

0
997

Овогодинешната серија на премиери, Битолскиот народен театар ја продолжи со претставата „Последната ноќ“ од полскиот драматург Ингмар Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски.

Психолошката драма е всушност една фамилијарна приказна за тоа како случувањата во надворешниот свет влијаат врз едно семејство.

На сцената подготвена од Сергеј Светозарев настапија актерите Соња Михајлова и Марјан Ѓоргиевски.

-Текстот навистина мотивира и предизвикува многу силно да ги доживуваме ликовите-истакнаа актерите.

Семејството на Карла и Хелвер е поинакво семејство со едно посебно дете и метафората на овој текст е дека секогаш постојат такви семејства малку поинакви од другите, поразлични од обичните и се наоѓаат на маргините на животот.

За костимите се погрижи Марта Дојчинова а Димитар Андоновски , кој работеше на музиката во претставата Тајното оружје и Кралот Иби во Велешкиот театар, е задолжен и за музиката на оваа претстава .

Последната ноќ, е обид да се долови како едно семејство може да биде жртва на случувањата во нивниот надворешен свет, како стегите на тој свет го растураат и понижуваат просечното семејство.

Ова е претстава во која приказната зборува за поинакво семејство, понижувано семејство, кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет .