Психотерапија наместо гатање, дали се уриваат табуата?

0
758

Во општеството, одењето на психолог е табу тема. Луѓето се срамат да одат на психолог, некои не веруваат дека тоа може да им помогне, а некои едноставно се плашат од тоа што другите ќе кажат.Многумина веруваат дека само „луди“ луѓе одат на терапија и сметаат дека барањето и прифаќање помош од стручно лице е знак на слабост или пак веруваат дека терапијата ќе им одземе многу време, дека ќе биде прескапа или дека ќе се навлечат на антидепресиви.

Нема ништо страшно во одењето на психолог, напротив тоа може многу да помогне при заштитата на менталното здравје, а сепак, експертите велат дека на оние кои највеќе им е потребна помош заради психички проблеми, најретко или воопшто не бараат помош.

Што порано некој побара помош, толку поедноставно ќе биде да му се реши проблемот. Покрај тоа,  проблемот ќе остави помалку траги од стресот наметнат од проблемот.Губиме време ако за вакви работи тргнеме по гатачи, бајачи, гледање на кафе или тарот карти.

Живееме во време кога стресот доаѓа како нешто нормално, тагата, меланхолијата и негативната енергија е постојано присутна околу нас. Но, колку можеме да истрпиме? И дали има граница која по некое време се преминува? Кога ситуацијата станува неиздржлива? И дали понекогаш треба да признаеме дека ни е потребна помош?

На оваа тема разгораваме со Прим.Д-р Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ- психијатар.