Психотерапијата и психологијата табу тема?

0
1206

Денес владее мислење дека психотерапискиот процес е премногу значаен за да се ограничи само на заболени лица. Поради тоа во процесот на психотерапијата сè повеќе се вклучуваат и менталноздрави личности, кои имаат психо-социјални проблеми или, пак, едноставно сакаат подобро да се запознаат себе си и да го подобрат квалитетот на своето живеење.Посетеноста на психолог или психотерапевт во Битола е многу помала во споредба со главниот град, и кај нас се уште за жал е табу теме, ова беше заклучокот на првата конференцијата од областа на психологијата и психотерапијата која што се одржа викендов во Битола

– Со организирањето на ваков вид на настани и конференции и други слични средби треба да се разбијат сите предрасуди и да се знае дека лицето не треба да има никакви проблеми за да посети психолог и психотерапевт. Треба да се прави разлика меѓу психолог и психотерапевт. Психолозите како мерни инструменти кои што ги користат во својата работа се тестовите, а психотерапевтите можат да препишуваат медикаменти, изјави Фани Асим Димитровска, психолог

На Конференцијата покрај психолозите и психотерапевтите имаше и претставници од Психотерапевската и Психолошката комора на Р.Македонија. Се зборуваше и за гешталт терапијата со емоционалната интелегениција а се одржа и работилница за психодрамската тема „Ритамот на срцето“.

Конференцијата ја организацираше Здружението за македонско турско пријателство и соработка од Битола.