Пучдемон и министрите на условна слобода

0
225

Сменетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон и четворица министри денеска се пуштени на условна слобода, но не смеат да ја напуштат Белгија, соопштија белгиски официјални лица. Белгиските власти ги сослушаа каталонските сменети функционери кои доброволно се предадоа вчера, ден откако Шпанија издаде европска потерница за нивно апсење. Пучдемон и соработниците мора да се појават пред судот кој ќе го разгледува барањето на Шпанија за нивно израчување.