Пучдемон: Каталонија ќе прогласи независност за неколку денови

0
255

Лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон изјави дека ќе прогласи независност во наредните денови, потег што ќе внесе дополнителни тензии со националните власти во Мадрид. Тој во интервју за Би Би Си изјави дека тоа ќе се случи или до крајот на оваа или во почетокот на идната недела. Пучдемон притоа предупреди дека доколку шпанските власти интервенираат и ја преземат контролата врз Каталонија тоа ќе биде „грешка која менува се“. На референдумот одржан деновиве 90 насто од 2,26 милиони луѓе кои излегоа да гласаат се изјасниле за независност на Каталонија. Гласањето беше проследено со насилства меѓу граѓаните и полицијата.

https://www.slobodnaevropa.mk

Без коментари