Пукање во Анкара, убиени полицаец и цивил

0
282

Непознат напаѓач денеска во престрелка во центарот на Анкара уби полицаец и цивил, објави турскиот весник Џумхуриет.

Нападот се случил во населбата Дикмен во турскиот главен град, пренесе весникот.

 Деталите за нападот сè уште не се познати.

Во бомбашки напад што се случи во неделата во Анкара загинаа 37, а беа повредени 125 лица.