Пукање во центарот на Москва, двајца убиени

0
411

Најмалку две лица загинале, а осум се повредени во синоќешното пукање во центарот на Москва, близу до Кремљ, пренесуваат руските медиуми.

Агенцијата Интерфакс јавила дека пукањето било околу 22 часот во една улица близу до Кремљ. Руската телевизија „Лајф њуз“ ги прикажала снимките од сигурносните камери на кои се гледаат две групи од околу 15-тина мажи кои пукаат едни на други со огнено оружје.

Агенцијата Франс -прес смета дека пресметките  меѓу организираните банди кои биле чести во 90-тите сега се многу ретки, но можно е да се работи за таква престрелка.