Пукање врз седиштето на ПАСОК во Атина

0
241

Со огнено оружје, веројатно „калашников“, околу 20 часот по локално време биле нападнати канцелариите на грчката партија ПАСОК, во центарот на Атина. За среќа нема повредени, иако пукањето се случило во центарот на грчката престолнина, кој е особено фреквентен.

Според грчките медиуми, непознати лица испукале најмалку три-четири куршуми. Сè уште не се знае дали целта бил објектот во кој се наоѓа централниот штаб на партијата или, пак, биле полицајците кои се задолжени за безбедноста на објектот.