Пукањето во Орландо е акт на терор и омраза

0
286

Американскиот претседател Барак Обама го нарече пукањето во геј ноќниот клуб во Орландо, при што беа убиени 50 лица и повредени 53, „акт на терор и омраза“. Според него, Американците се обединети во „тага, незадоволство и верувањето во можноста да ги заштитат своите луѓе“.

Омар Матен го нападна клубот, по што беше застрелан од полицијата. Ова е најсмртоносното масовно пукање во современата историја на САД, пишува Би-Би-Си. „Исламска држава“ (ИД) изјави дека стои зад нападот, но се уште не е јасен степенот до кој е вмешана групата.

Матен е американски државјанин од авганистанско потекло, кој е роден во Њујорк и живеел во Флорида. Тој не бил во листата на службите на САД за набљудување на потенцијални терористи. Стана јасно дека купил легално неколку оружја во изминатите денови.

Обама изјави дека „бруталното убиство на невини луѓе“ е уште еден доказ за тоа колку лесно е да се здобиеш со оружје во САД и да пукаш на граѓаните.