Пукнала брана во Бразил, надојдената вода поплавила цел град

0
274

Петнаесетина луѓе загинале а најмалку 45 се ичезнати откако пукнала брана во југоисточната бразилска држава Минас Жераис. Во тек се спасувачки операции и евакуација на населението, а фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи го покажуваат размерот на катастрофата.

Браната пукнала во близина на активен рудник во рурална област околу 300 километри одалечена од Рио де Жанеиро, јавува Асошиејтед прес, повикувајќи се на соопштение објавено од властите на градот Мариана.

Сведоци изјавиле за локалните медиуми дека градот Бенто Родригез, со население од 620 луѓе, е целосно покриен со кал.

Спасувачките екипи на местото на катастрофата се во потрага по преживеани, а кучиња трагачи во областа ги бараат исчезнатите луѓе.

Компанијата сопственик на браната го потврдила пукнувањето, додавајќи дека од блискиот рудник истекол и отровен отпад. Комапнијата ветила дека ќе ја минимизира штетата на локалните жители и животната средина.

Локалните власти несреќата ја опишале како „катастрофална“.

www.mkd.mk