Пукотница во Њу Орлеанс, едно лице убиено девет ранети

0
276

Полицијата во Њу Орлеанс соопшти дека ноќеска во пукотница во Францускиот кварт, се застрелани 10 луѓе од кои еден човек им подлегнал на повредите и оти во тек е истрага.

Полицијата уапсила две лица. Застрелани се осум мажи и две жени, на возраст меѓу 20 и 37 години.

– Вкупно 10 луѓе се застрелани во ицидент во улицата Бурбон. Еден човек почина од последиците од раните здобиени од огнено оружје, објави полицијата во Њу Орлеанс на Твитер.

Без коментари

LEAVE A REPLY