Пукотници во Париз

0
476

Престрелка избувнала на главниот булевар во источниот дел на главниот град на Франција, Париз. Едно лице е повредено во инцидентот.

Неколку истрели биле разменети на булеварот Де ла Бастилја, а една личност добила повреда од огнено оружје.

Полицијата успела да уапси еден од напаѓачите, но, наводно, двајца други успеале да избегаат низ областа Бастилја.

Сè уште се истражува што ја предизвикало престрелката, но една од можните причини може да биде кавга помеѓу група вооружени лица, објавија француските медиуми.