Пукотници во центарот на Лил – најмалку тројца повредени

0
421

Најмалку три лица се повредени, вклучувајќи и еден тинејџер откако вечерва маж отвори оган во подземна железничка станица во францускиот град Лил.

Полицијата соопшти дека 14-годишното момче е погодено во ногата, додека другите имаат повреди на вратот и ‘рбетот.

Француските специјалци пристигнале на местото на инцидентот, а засега тие трагаат по напаѓачот.

Полицијата ги блокираше сите улици во близинана инцидентот.