Пулените на Манасков го приземјија новиот Пелистер

0
2510

Вардар Јуниор – Пелистер 24:23 (13:12)

Спортска сала „СРЦ Кале„ – Скопје. Гледачи: 200

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)

Вардар Јуниор:

Чаневски, Ивановски, Костовски, Спасовски, Недановски 5, Георгиевски, Тренчевски 2, Чурлевски 5, Ангелов, Јовчевски 1, Андовски 6, Симиќ, Ристов, М. Манасков, Поповски, Вујачиќ 5

Седмерци: 6/2

Исклучувања: 12 минути

Пелистер:

Арсиќ, Даниловски, Дрогришки 7, Тодоровски, Гинов 1, Илиевски 2, Макрудов, Топиќ 5, Крстевски, Митревски, Христов, Чачиќ 6, Ивановски, Вељановски, Николиќ 2

Седмерци: 6/3

Исклучувања: 8 минути

По еуфоричната победа против Тинекс Пролет на прославата од 60 години ракомет во Битола, избраниците на Игор Николовски и Кире Поповски загибија во тесна завршница на гостувањето кај Вардар Јуниор. Младите момци на Пепи Манасков предводени од бившите пелистерци Филип Чурлевски и Владо Недановски на почетокот од вториот дел го направија одлучувачкото одлепување. Како и во Прилеп, на зелените им се случи одлично прво и многу слабо второ полувреме, па противникот тоа целосно го искористи. При 14:14, момците на Манасков направија серија 5:0 и тука го скршија отпорот на битолчани. До крајот Топиќ и Чачиќ залудно го враќаа Пелистер во мечот, но поразот беше неминовен. Уште еднаш се потврди колку е тешко да се освојат бодови во гости во оваа изедначена лига. Во наредното четврто коло, Пелистер го дочекува Работнички кој сезоната ја почна исто така променливо со две победи и еден пораз по првите три кола.