Пуштањето музика на плочи се враќа на клупската сцена

0
395
BERLIN - AUGUST 27: A historical acetate (or shellac) disc on a record-player is pictured at the Charming Salon party at the Berlin Story Salon on August 27, 2010 in Berlin, Germany. Dance evenings with a historical theme are growing in popularity in Berlin, a city that had a vivacious swing and cabaret scene in the 1920s and 30s. (Photo by Andreas Rentz/Getty Images)

И после златниот период на винилот, денес се повеќе и повеќе луѓе стануваат поклоници на грамофонската хармонија.
– Ова не е кристално мртов звук. Овде чувствуваме една топлина во бојата -велат поклониците на трендот, денес популарно наречен Винилизам.
Плочата има свое уникатно место кај колекцинерите на добриот музички звук.
Го допираш албумот, се восхитуваш на корицата, ги читаш текстовите.
Со плочата во раце правиш времето да запре: ја ставаш плочата на грамофон и потонуваш во музиката.

И покрај цела технологија на носачи на звукови, сепак плочите не може да бидат заменети, веројатно затоа што луѓето сеуште се носталгични по автентичното.
Плочата наоѓа свои обожаватели и кај помладите луѓе. Оние кои се родени многу после златните денови на винилот.
Битолските диџеи Јордан Николов и Јована Калица, се одлучија да ги забавуваат Битолчани во Мезе бар 102, на еден малку поинаков начин, имено да ги потсетат на музиката снимана на плочи.
Идејата за овој вид на пуштање на музика потекнала од желбата, на  посетителите да им понудат забава како во старите добри времиња.
-Сакавме да ја освежиме битолската клубска сцена-велат Јордан и Симона.

Јордан дома има колекција од над стотина плочи и за овој носач на звук вели дека е најквалитетниот.
Дел од репертоарот од  своите омилени плочи им го понудија на гостите во Мезе бар 102.
Изминативе години и во светот и кај нас се случува вистински камбек на плочите-винили. Нивната продажба во светот расте од ден на ден и понудата е се поголема.
Во светот продажбата на плочи го достигна својот зенит во деведесеттите години.
Со враќањето на винилизмот се пронаоѓаат и откриваат старите машини заборавени некаде во подрумите, се бараат во продавниците за антиквитети.
Плочите пред се будат силна носталгија меѓу вљубениците на аналогниот звук .
Статистиката денес покажува дека повеќе светски компании се свртуваат кон повторното производство и продажба на плочите. Фасцинира и податокот на  сајтови целосно посветени на“винилизмот”.