Пуштена во употреба првата биогасна централа во Новаци

0
1217

 

Со вкупна инвестиција од околу 20 милиони евра,Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола  во Новаци свечено пушти во употреба два големи капацитети, првата биогасна централа со капацитет од 3 мегавати на час во Македонија и современа фарма наменета за 2.000 молзни крави.Биогасната централа нуди најсовремено еколошко решение за справување со арското ѓубриво од фармата, со чија преработка и заедничко ферментирање со фуражната пченка се добива биогас од кој се произведуваат по 3 мегавати струја на час. Ова е прв ваков капацитет во земјава способен да произведе толкаво количество „зелена“ енергија. Во изградбата на биогасната централа ЗК Пелагонија инвестираше 10,5 милиони евра.

 

-Со последната голема инвестиција од речиси 10 милиони евра во капацитетот во Новаци добивме најсовремена фарма која што може рамномерно да се носи со најразвиените во Европа, изјави Томе Давков, директор на ЗК Пелагонија

-Изградбата на биогасни централи претставува најсовремено еколошко решение во развиените земји во светот за справување со арското ѓубриво од фармите. Ние воопшто не заостануваме зад тој светски тренд. Напротив, можеме да се пофалиме дека сме една од најголемите фирми во Европа кои се занимаваат со производство на „зелена“ енергија, односно струја произведена од биогас“, изјави Драган Китановски, директор на ДООЕЛ „Пелагонија- Енерџи“.

Дизајнерските и проектанските решенија, технологијата и опремата што се употребува за производство на метан се набавени од компанија од Италија , а опремата за производството на електрична енергија е од Џенерал Електрик, фирма за производство на генераторски агрегати од САД

– Прекрасно е да се биде денес тука во Битола да се посетат двете фарми и многу е важен овај план за био гас. Можам да кажам дека ова е погодок за бизнисот за околината. Како американски амбасадот горд сум што има американски компании инволвирани во ова, изјави Џејм Бејли, амбасадор на САД

Освен биогасната централа во Новаци, ЗК Пелагонија инвестира и во втор капацитет кај фармата во селото Породин, а наскоро планира да гради и трет.

– Се надевам дека и понатаму ќе има вакви и слични инвестиции во земјоделството со искористувањена финансиски средства од буџетот на Република Македонија, односно директните инвестиции кои секоја година се од над 100 милиони евра и Програмата за рурален развој од каде годишно издвојуваме околу 50 милиони евра. Третиот финаниски извор е програмата ИПАРД 2 проектиран на 106 милиони евра и доколку паметно се вложат, земјоделството ќе се движи напред, изјави Михаил Цветков, министер за земјоделие

– Со овој систем се обезбедува обновлива енергија. Оваа домашна инвестиција внимава на екологијата, на начинот на производство и на квалитетот. Оваа инвестиција е потврда за исклучителната соработка на локалната самоуправа, Владата и инвеститорите, изјави Владимир Талески градоначалник на Битола

Со тоа ќе го заокружи вкупното производството на 6 мегавати електрична енергија на час, инвестиција вредна 10 милиони евра во прва фаза. Во втората фаза планирана е изградба на стакленици за двете централи на површина од 10 хектари, за да може целосно да се искористи топлината која се добива од ладење на генераторите. Притоа, ќе се обезбеди целосна еколошка заштита на земјоделските површини и на околината

Паралелно со инвестицијата во биогасната централа, ЗК Пелагонија вложи и во изградба на современи штали во Новаци со капацитет од 3.000 животни од кои 2000 се молзни крави а остатокот помлади категории. Притоа, современата фарма доби нов телчарник и ново молзилиште ротолактор со капацитет од 300 крави на час, а реновирано е и старото Делавал молзилиште. Комбинатот набави нови  молзни крави и јуници и воспостави комплетно нов современ систем за ѓубрење кој арскотп ѓубре од шталите и молзилиштето директно го носи во биогасната централа. ЗК Пелагонија во изградбата и модернизацијата на фармата инвестираше 9,78 милиони евра.