Пуштена во употреба ул.Мите Богоевски во Ресен

0
438
Со пригодна свеченост со звуците на преспанските традиционални песни во изведба на музичкиот состав Астра, беше ставена во употреба реконструираната улица Мите Богоевски во Ресен ,која е една од централните градски улици кои водат до Градскиот плоштад Цар Самоил.
-Вистинско задоволство е кога нешто што е сработено ќе биде во дирекна функција и корист на граѓаните на општина Ресен .Реконструираната улица е навистина извонредна можност граѓаните на Ресен и Преспа да уживаат во еден прекрасен амбиент на една од најфрекфентните улици кои водат до градскиот плоштад и која ќе биде наменета исклучително за пешаци, изјави д-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен
-Благодарноста моја е уште поголема од аспект што секој град си има свое обележје, сега и Ресен доби свој белег. Ресен порано имаше свое корзо , сега добивме налик на тоа поранешно корзо кое ќе му помогне и културно и култоролшки на градот да си заличи на град, изјави Неделко Поп Гошев претставник на чаршискиот еснаф во Ресен
Инаку во склоп на реконструкцијата на оваа улица во централното јадро на Ресен , која започна во февруари оваа година, се поставија над 1.500 метри квадрати поплочен простор, канделабриско уредување, поставување клупи, стилизирани канти за отпадоци и хортикултурни украси, мала фонтана и изградба на паркинг на почетокот на улицата .Проектот се реализираше со средства од општискиот буџет во висина од околу четири и пол милиони денари.
https://youtu.be/KsZNuKoFmCE?t=3