Пуштена во употреба зграда за лица со социјален ризик во Демир Хисар

0
360

Премиерот Никола Груевски, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов и градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски, денеска ја пуштија во употреба новата станбена зграда со 25 стана, наменети за лица со социјален ризик и други ранливи категории, инвестиција вредна околу 33 милиони денари.Зградата, според премиерот Груевски, е одраз на заложбите за подеднаква грижа и еднаков економски и социјален развој во сите делови од државата.Владата, посочи тој, е свесна за потребата од оваа поддршка за Демир Хисар, особено ако се земат предвид податоците за бројот на граѓани во општината кои се наоѓаат во социјален ризик и имаат големи социјални потреби.
Покрај зградата во Демир Хисар, за социјалните категории на граѓани вакви објекти изградени се во Скопје, Кичево, Македонска Каменица, Охрид, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка, Штип, Битола, Берово и Ресен. Во фаза на градба се две згради во Прилеп и Македонски Брод, а наскоро ќе отпочнат со градба уште два објекти во Кочани и Гостивар. Тие згради, подвлече Груевски, се дел од проектот на Владата за изградба на 2.500 социјални станови, станови за млади брачни парови, за лица со ниски примања, за деца без родители и за комерцијална продажба.Рраспределбата на становите, додаде, ќе се одвива електронски, процес кој ќе почне овој месец и кон средината на септември се очекува Министерството за транспорт и врски да ја заврши постапката.Директорот Грозданов и градоначалникот Блажевски пред присутните посочија дека ветениот проект за изградба на социјални станови од пред помалку од две години денеска е реализиран. Тие нагласија дека објект од ваков вид во Демир Хисар е изграден првпат после 30 години.