Пуштена водата од Стрежево, Водовод ќе почне со пумпање

0
1038

Попладнево започна пуштањето вода од акумулацијата, информираат од Стрежево, а моментално се испуштаат 1,5 кубици до објектот во градот, доволно за да се нормализира водоснабдувањето на градот и индустријата, вели директорот на ЈП Стрежево, Марјан Ѓероски. Тој дополнува и дека се работи на алтернативно решение на премостување на свлечиштето кај објектот Г0 на РЕК Битола, односно се работи на можноста да се заобиколи. Вечер ќе работат на терен со инженери и останати стручни лица, за да може што побрзо да се почне со активности, вели Ѓероски.

Директорот на ЈП Водовод, Горан Стефановски вели дека водата почна да пристигнува, а во меѓувреме претпријатието започна со поставување на пумпите кои ќе ја испумпуваат водата. Стефановски вели дека е можен намален притисок на водата додека се работи, но се очекува дека состојбата со водоснабдувањето ќе среди и нема да има проблем. И во текот на денот немаше проблеми. Водовод за водоснабдувањето ги користеше резервите.

Инаку вчера како резултат на свлечиштето во Драгарино, попладнето и вечерта делови од градот останаа без вода. Во некои населби притисокот на водата беше слаб, во некои воопшто ја немаше. Вода дојде во раните утрински часови.