Пустинска прашина ја покри Битола

0
4127

Поради изразеното југозападно воздушно струење во атмосферата, над нашето подрачје денеска транспорт на пустински песок и прашина.

Од рано утрово можеше да се забележи на многу автомобили низ градот. Не е прв пат ваков пустински песок и прашина да стигнува кај нас. УХМР ја најави оваа состојба.

Според временската прогно за викендов во Македонија ќе биде многу топло со температури и до 34 степени. Денес максималните дневни температури ќе достигнат до 29 Целзиусови степени, а утре дури до 34 степени.

Утре дневните температури ќе се движат од 26 до 34 степени, а во недела повторно високи температури од 24 до 32 степени. Од понеделник временските прилики ќе се сменат, ќе има попладневни врнежи од дожд, а дневните температури ќе се движат од 22 до 30 степени. Ќе дува умерен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури, прогнозира УХМР.

Долги периоди на жештина, вклучувајќи неколку опасни топлотни бранови ќе бидат главните проблеми во Јужна и Источна Европа во текот на ова лето, најавија од AccuWeather, веб страница за временски прогнози.

Според прогнозата, во исто време Ирска и Велика Британија ќе се соочат со недостиг на топлина, а Франција, Чешка и Полска со серија олуи и грмотевици.

Јужна Европа, според прогнозата, ја чека долго и топло лето бидејќи се предвидуваат подолги периоди со екстремни жештини од Италија до Балканот. Ова ќе кулминира со неколку опасни топлотни бранови, а барем еден ќе трае подолго од седум дена.

Температурите над 32 степени ќе бидат чести ова лето, а можни се и рекордни температури. Најголем ризик од топлотните бранови ќе има во Македонија, Бугарија, па нагоре до Унгарија и до Романија.