Путин: 755 американски дипломати ќе ја напуштат Русија, време е да покажеме дека нема да оставиме ништо неодговорено

0
603

755 американски дипломати ќе мора да ја напуштат Русија како резултат на сопствените политики на Вашингтон, изјави рускиот претседател Владимир Путин во ексклузивното интервју за телевизискиот канал „Русија 1“, пренесе РТ.

„Американската страна направи потег кој, важно е да се забележи, не беше предизвикан од ништо, за да се влошат руско-американските односи. (Вклучувајќи) незаконски ограничувања, обиди да се влијае врз други држави во светот, вклучувајќи ги и нашите сојузници, кои се заинтересирани за развој и одржување на односите со Русија“, изјави Путин за домаќинот Владимир Соловјов, во неделата.

„Долго време чекавме нешто да се промени на подобро, се надевавме дека ситуацијата ќе се промени. Но изгледа, нема да се промени во блиска иднина… решив дека е време да покажеме дека нема да оставиме ништо неодговорено“, додаде рускиот претседател.

Оваа недела, следејќи го одобрувањето на американскиот Конгрес на новите санкции против Русија, Иран и Северна Кореја, руското Министерство за надворешни работи објави дека Москва му кажала на Вашингтон да го намали бројот на дипломатскиот персонал во Русија на 455 лица.

Бројот на вработените во американската дипломатска служба во Русија беше наредено да се намали за да се изедначи бројот на руските дипломати во САД до 1 септември. Сега „во голема мера го надминува“ бројот на вработените во руската амбасада во САД рече министерството. Американската дипломатска мисија вклучува повеќе од 1.200 лица.

„Од перспектива на функционална дипломатска мисија, (мерката) е прилично осетлива“, рече Путин.

Рускиот водач понатаму рече дека постојат бројни „важни сфери на соработка“ меѓу Москва и Вашингтон, за кои се надева дека нема да страдаат поради анти-руските политики на Америка. Тие воглавно ја вклучуваат заедничката борба против тероризмот, обврските во контролата на нуклеарното оружје и вселенските проекти наместо економските односи, рече Путин.

mkd.mk

Без коментари