Путин е против воен удар врз Северна Кореја

0
251

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека воен удар врз Северна Кореја за да се уништат нуклеарната програма и ракетите на земјата можеби не би бил успешен бидејќи е можно Пјонгјанг да има воени инсталации за кои никој не знае.

Русија силно се противи на таков напад, што како можност го најави американскиот претседател Доналд Трамп, и наместо тоа инсистира на комбинација од дипломатски и економски мерки.

Путин на енергетски форум во Москва денес ги кажа своите идеи околу тоа прашање и јасно истакна дека се сомнева околу воената ефикасност на таквиот потег, а изнесе и други политички и морални дилеми.

„Може ли да се тргне во глобален напад врз Северна Кореја за таа да се разоружи? Да. Дали би се постигнала целта? Тоа не го знаеме. Кој знае што имаат тие таму и каде се наоѓа. Никој тоа не може со сигирност да го знае бидејќи тоа е затворена земја“, кажа Путин.

Без коментари