Путин фрли „нов тип на бомба“ во Сирија

0
2169

Вчера Русија го изврши најжестокото бомбардирање на северна Хама, а во нападите беа комплетно збришани неколку позиции на бунтовниците во градовите Суран, Таибат ал-Имам, Халфаја и Латамина, пренесе арапскиот сајт Алмасдар њуз објавувајќи снимки на кои руски авиони наводно фрлаат бомби врз бунтовничките сили во Сирија.

Воен извор за Алмасдар рекол дека воздушните напади ги извршиле вкупно пет руски воени авиони и два хеликоптери, кои на неколку минути се враќале да ги бомбардираат исламистичките упоришта.

Вчераутро биле извршени најмалку 50 руски напади, со нешто за што се тврди дека е досега некористен тип бомби, кои предизвикале масовно уништување.

www.mkd.mk