Путин го испрати најубиствениот ракетен фрлач против исламистите во Сирија

0
360

Русија на Сирија ѝ доставила едно од своите најубиствени копнени оружја со кое планира да ја онеспособи Исламска држава. Станува збор за ракетниот фрлач ТОС-1А, кој има сила со еден удар да уништи до осум градски кварта, пишува Интернешнел бизнис тајмс.

Информацијата, која Кремљ сѐ уште ја нема потврдено, иако се појавија фотографии од терен, се појави по информациите дека руските авиони во вторникот уништија 40 цели на територијата под контрола на ИСИС.

ТОС-1А е систем на ракетен фрлач со термобарично оружје монтирано на шасија на тенкот Т-72. Оружјето е познато и под прекарот „Сончев пламен“.

Таканаречените термобарични боеви глави наводно веќе пристигнале во Сирија. Проектилите распрскуваат течност по метата, која потоа се пали и уништува. Штетата што ја предизвикува ова оружје е тотална.

Според рускиот весник Русвесна, ТОС-1А „буратино“ пристигнал во Сирија неодамна. Иако не се знае колку парчиња од 24-цевниот лансер се префрлени во Сирија, самото негово присуство би требало да ги исплаши џихадистите на ИСИС, пишува ИБТ.