Путин и „Единствена Русија“ ќе има апсолутно мнозинство во Думата

0
166

Партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин победи на вчерашните парламентарни избори со 54,3 отсто гласови. Тоа го покажуваат резултатите од преброени речиси 90 отсто гласачки ливчиња.

Со тоа, партијата ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот.

Според оценки, Единствена Русија ќе добие најмалку 338 места од вкупно 450 во Државната дума. Следуваат две партии кои ги поддржуваат главните решенија на Владата во Русија – Комунистичката партија (14,9 отсто) и Либерално-демократската партија (15,1), наведуваат западни медиуми.

За првпат од 2003 година парламентарните избори во Русија се спроведени по двоен систем – 225 пратеници се бираа по пропорционален, а 225 по мнозински изборен систем во посебни изборни окрузи.