Путин и Ердоган разговараа во Баку зад затворени врати

0
150

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, разговарале кусо без присуство на медиуми во азербејџанската престолнина Баку, каде што присуствуваа на отворањето на Првите Европски спортски игри.

Руските медиуми, истакнуваат дека челниците не биле наклонети да разговараат во присуство на новинарите, и додека траеле фотосесијата само размениле впечатоци за церемонијата на отворањето на Игрите, а потоа неколку минути молчеле.

Притоа Ердоган истакнал дека на церемонијата не присуствувал ниеден од челниците на земјите членки на Европската унија. „Турција, како земја кандидат за членство во ЕУ, ја претставуваше целата Европска унија“, одговорил Путин, пренесува агенцијата ТАСС.

Путин и Ердоган притоа се согласиле дека церемонијата на отворањето на игрите била многу убава и си посакале успех на нивните репрезентации.

Судејќи според составот на руската делегација, најверојатно станува збор за претходно договорена средба. Имено рускиот претседател го придружувале на разговорите, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, министерот за енергетика Александар Новак, челниците на државните енергетски компании „Росатом“ и „Газпром“, Сергеј Киријенко односно Алексеј Милер./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax