Путин и Оланд за „голема коалиција“ против IS и казнување на злосторниците

0
441

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави во четвртокот во разговорот со својот домаќин рускиот претседател Владимир Путин дека светските сили мора да формираат „голема коалиција“ за борба против екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) која контролира големи подрачја во Сирија и во Ирак, додека Путин оцени дека средбата минала во „атмосфера на доверба и конструктивност“.

Путин исто така, истана дека на средбата било посветено „првостепено внимание“ на заедничката борба против тероризмот и решеноста на двете земји да ги пронајдат и казнат сторителите на двата големи терористички напади против овие држави со стотици жртви. Станува збор за уривањето на рускиот патнички авион со 224 луѓе во Египет и атентатите во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, за кои одговорноста ја презема Исламската држава. „Тоа е наша заедничка трагедија, обединети сме во своите намери да ги најдеме и казниме злосторниците“, рече.

Путин истакна дека Русија и Франција, исто така, е согласиле да ги интензивираат напорите во антитерористичките операции, со зајакнување на размената на информации, за да се избегнат непотребни дуплирања на акциите или инциденти.

„Русија и Франција го познаваат духот на сојузништвото. Тоа не се случило еднаш во нашите истории. Денеска се договоривме да ја засилиме нашата заедничка работа во антитерористичките активности, да се зајакне размената на информациите за борбата против тероризмот, да се воспостави конструктивност на нашите воени експерти….“, рече рускиот претседател на заедничката прес-конференција во Москва со францускиот челник,  и додаде дека тоа ќе придонесе за поефикасна борба на двете земји со тероризмот.

Се зголемува бројот земји, рече Путин, коишто ја прифаќаат инцијативата за формирање широка коалиција под покровителство на Обединетите нации за борбата против Исламската држава.

„Ќе напомнам дека бројот земји кои ја споделуваат иницијативата се зголемува. Убедени сме дека искоренувањето на тероризмот во Сирија ќе ги создаде неопходните услови за постигнување трајно решение на сириската криза“, рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, рече дека со францускиот колега се согласиле „најактивно да продолжат во рамките на меѓународната група за поддршка на Сирија, да ја промовираат имплементацијата на сите постигнати договори, во прв ред за роковите и параметрите за спроведување на меѓусириските преговори“.

Од своја страна, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Владимир Путин може да смета на поддршката на Париз по терористичкиот чин со авионот на Синајскиот полуостров, заблагодарувајќи му се на рускиот челник и на рускиот народ за изразите на сочувство во врска со терористичките напади во Париз од 13-ти ноември.

Оланд притоа истакна дека Париз сторил се што е потребно за ефикасно учество во искоренувањето на Исламската држава. Изрази убеденост дека Франција и Русија во борбата против тероризмот мора да работат заедно.

„Нашиот непријател е Исламската држава, има територија, има војска и ресурси, и мораме да формираме голема коалиција за да удриме по тие терористи. Со вас сум во Москва за да ги видиме начините на кои можеме заеднички да дејсиувате и да се координираме за да удриме по таа терористичка група, но исто така и да ги најдеме решенијата за постигнување мир“ во Сирија, додаде францускиот претседател.

Ударите на Франција и Сирија врз Исламската држава ќе бидат координирани, истакна Оланд, на што Путин се надоврза дека успешната борба против терористите во Сирија не е возможна без копнена интервенција а, како што истакна, неа може да ја обезбеди само армијата на (сирискиот претседател Башар ал-) Асад, чие заминување од власта инаку го бараат западните земји.

Смислата на средбата во Путин се состои во напорот да се организира заеднички дејствија против терористите, рече Оланд. „Сите страдаме од тероризмот, тероризмот може да удри на која и да е точка на планетата. Тоа е смислата на нашата средба во Москва – мораме да работиме заедно“.

Оланд во тој контекст повтори дека двајцата челници се договориле за интензивирање на заедничката акција против терористите, размената на разузнавачките информации и да се координираат нападите врз Исламската држава.

„Со претседателот Путин се согласивме за три главни точки: прво ќе се обидеме да се интензивира размената на разузнавачките информации и сите податоци меѓу нашите сили, нападите врз Исламската држава ќе бидат интензивирани и ќе бидат координирани, и трето – мораме да ги фокусираме нашите воздушни удари врз Исламската држава и другите терористички групи“, рече Олан.

Франција и Русија се договориле да се напаѓаат само терористичките групи, и оти не треба да се нанесуваат удари врз групации кои исто така се борат со терористите, рече Оланд, алудирајќи на групите на вооружената сунитска сириска опозиција којашто е поддржана од меѓународната коалиција предводена од САД, во којашто учествува и Франција, кои Западот ги смета за „умерени“.

„Се согласивме со Путин за една многу важна точка: треба да се удира само врз терористите. Важно е да не се извршуваат удари оние групи коишто, исто така, се борат против терористите. Неопходно е да се утврди кој може да се напаѓа, а кој не“, посочи Оланд./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY