Путин изразува поддршка за грчкиот народ

0
202

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази поддршка за грчкиот народ во надминување на поблемите со кои се соочува земјата.

Путин и Ципрас разговарале за резултатите од референдумот во Грција, кој се одржа вчера поради поставените услови од меѓународните кредитори за одобрување помош за Атина.
Двајцата лидери, исто така, разговарале и за некои прашања за натамошен развој на руско-грчката соработка.