Путин ја разгледа и подводната територија на Крим

0
422

Рускиот претседател Владимир Путин се прошетал со батискаф во водите на Црното Море во реонот на Севастопол.

Целта на прошетката беше антички брод, кој лежи на 83 метри длабочина.

Остатоците на морското дно датираат од 10-11 век, а беа откриени во мај 2015 година.

Ова е втора „прошетка“ на рускиот претседател со батискаф. Во 2013 година тој се спушти во морските води на Финскиот залив. Во 2011 година тој се нурна и со акваланг во Таманскиот залив. Токму тогаш Путин извади од дното и две амфори од 6 век.

Од вчера, понеделник, рускиот претседател се наоѓа во Крим, каде што се одржа седница на Државниот совет.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко ја спомена посетата на повисокото раководство на Русија на територијата на анексираниот полуостров како „предизвик за целиот цивилизиран свет“, а украинското МНР испрати официјална нота на протест до Москва.

Русија го анектираше Крим во март 2014 година. Раководството на Украина продолжува да го смета полуостровот како дел од државната територија на Украина.