Путин ќе го прослави 63. роденден играјќи хокеј

0
284

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе учествува на хокеарски натпревар, со што ќе го прослави својот 63-ти роденден, соопшти Кремљ.

– Путин, традиционално ќе игра хокеј на мраз со неговите стари пријатели – познати хокејарски ветерани и играчи од руската „Night Hockey League“, чија сезона почнува утре, изјави вчера портпаролот  на Кремљ, Дмитирј Песков.

Рускиот претседател е страствен играч на хокеј на мраз и често учествува во пријателски натпревари.

Покрај тоа што им се приклучува на играчите на хокеј на мраз, Путин неколку пати на натпревар покани и негови колеги, меѓу кои и претседателите на Финска и на Белорусија.