Путин ќе ја нападне Исламска држава, со или без САД

0
2485

Рускиот претседател Владимир Путин, според Блумберг, се подготвува да почне воздушни напади против Исламска држава во Сирија, дури и ако САД одбијат да ги здружат силите со руските војници во таа кампања. Интересно е и тврдењето дека Саудиска Арабија се согласила на предлогот на Путин Башар Ал Асад да остане претседател на Сирија во преодниот период доколку му бидат ограничени сегашните овластувања.

Путин неделава тргна во решителна дипломатска офанзива која се случува паралелно со воената која силите на Асад, потпомогнати од новите испораки на ново руско оружје, ја почнаа против екстремистите низ цела Сирија.

Прво кај Путин во понеделникот беше Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, а ден подоцна во посета кај рускиот претседател беше и турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Според она што го пишува Блумберг, компромис е најден и со Саудијците.

„Русија се надева дека здравиот разум ќе превладее и Обама ќе ја прифати пружената рака на Русија“, вели Елена Супоњина, аналитичарка за Блискиот Исток на Институтот за стратешки студии, кој го советува Кремљ. „Но Путин ќе ја спроведе својата намера дури и ако тоа не се случи“.

Путин, кој дојде на власт по борбите со сиалмистичките сепаратисти на Кавказот во 1999, има причина да се плаши од подемот на џихадистите во Сирија. Според руското министерство за надворешни работи, меѓу нив има околу 4.200 џихадисти со руско потекло, што ја зголемува заканата од напади во Русија.

Анвар Ешки, пензиониран саудиски генерал кој сега го води Блискоисточниот центар за стратешки и правни студии во Џеда, тврди дека Саудиска Арабија, која ги поддржува сириските бунтовници, е спремна да го прифати рускиот предлог за Асад како преоден претседател без државнички овластувања.

„Ангажманот на Русија во Сирија ќе помогне во постигнувањето стабилност во регионот и ќе ги зголеми шансите за поразување на Исламска држава. Сириската опозиција би требало да ја стави својата рака во раката на Русија“, вели тој.

Без коментари

LEAVE A REPLY