Путин ќе се вози во „Кортеж“ во 2018 година

0
498

Руската серија автомобили за превоз на првите луѓе на државата од проектот „Кортеж“ ќе се појави на крајот на 2017 или почетокот на 2018 година.

Производството на првата партија специјални автомобили го најави во вторникот, 5 април, министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров. Рускиот претседател притоа ќе добие автомобил од првата серија.

Вкупно во проектот „Кортеж“ се работи на 4 типа автомобили – лимузина, седан, теренско возило и комбе. Во 2016 година за проектот беа издвоени 3,7 милијарди рубли (околу 53 милиони долари).