Путин на Света Гора

0
1360

Претседателот на Русија Владимир Путин во Кареја присуствуваше на свечена литургија во негова чест.

Путин го пречекаа 20 игумени на манастирот и 20 претставници на монасите, како и претставник на вселенскиот патријарх по чија јурисдикција е Света Гора.

Во краткото обраќање Путин им се заблагодари на Цариградската патријаршија и грчката црква за нивната улога во јакнењето на односите меѓу Грција и Русија.

„Тука, на Света Гора, е направена голема и важна работа за моралните вредности“, кажа Путин, кој по вторпат ја посетува Света Гора.

Светските медиуми пренесуваат дека при посетата на манастирот Путин бил сместен во некаков вид на стол или престол, кој досега бил резервиран само за византиските цареви.

Рускиот претседател по литургијата разговараше со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.

mkd-264634

Путин ќе го посети и манастирот на Свети Пантелејмон, каде живеат околу 70 руски, украински и други православни монаси. Во манастирот ќе присуствува на прославата на 1.000-годишното присуство на руските монаси на Света Гора.

На Света Гора вчера допатува и поглаварот на руската православна црква Кирил.

За време на посетата на Путин на Света Гора се воведени силни безбедносни мерки, а покрај големата придружба на рускиот претседател, присутни се и голем број грчки полицајци, припадници на крајбрежната стража, нуркачи и снајперисти. Посетите на аџиите на рускиот манастир беа откажани пред две недели.

www.mkd.mk