Путин: Односите со САД се деградирани, но не по наша вина

0
285

Руско-американските односи во последно време се значително деградирани, но вината за тоа не е на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој кажа дека во текот на неодамнешниот телефонски разговор со новоизбраниот претседател на САД, тој и Доналд Трамп се сложиле дека „состојбата на руско-американските односи е незадоволителна и дека несомнено треба да се поправат“.

„Нашата земја е спремна да оди по тој пат. Сега, откако заврши изборната кампања во САД и откако во Белата куќа ќе дојде нов претседател, би сакал да верувам дека ќе се појави шанса за воспоставување односи кои се важни не само за народите на двете земји, туку и за обезбедување меѓународна стабилност и безбедност“, кажа Путин.

Рускиот претседател истакна и дека широк фронт против тероризмот во светот не е создаден, но дека за него нема алтернатива.

„За жал, Блискиот Исток се најде вовлечен во уште еден крвав конфликт, стана жариште за тероризам и религиозен екстремизам. Сега е јасно дека потребните услови за нормализација на ситуацијата на Блискиот Исток се ефективна соработка на сите заинтересирани и влијателни меѓународни играчи. Околу тоа, нашата иницијатива за формирање на широк фронт во борбата против тероризмот треба да биде реализирана. За жал, засега таков фронт не е создаден, но нема алтернатива за него“, истакна Путин.

http://www.mkd.mk/

Без коментари

LEAVE A REPLY