Путин: „Притаена исламизација“ и „шлаканица за украинскиот народ“

0
361

Односот на рускиот претседател Владимир Путин кон Турција, Украина и Сирија, најмногу ги интересираше новинарите во текот на големата традиционална годишна прес-конференција на која беа акредитирани околу 1.400 новинари, кои поставија околу 500 прашања.

Русија беше подготвена да соработува со Турција, но непријателските активности на Анкара ја принудија Москва на заладување на односите, рече рускиот претседател. „Сметаме дека дејствијата на турските власти во врска со нашиот авионот кој го соборија, претставуваат непријателски акт“, додаде Владимир Путин. Особено за вознемирувачки го смета фактот што турските власти не се извинија, туку „побегнаа во Брисел“, за да ја обвинат Русија.

Според Путин, руската страна во оваа сложена ситуација ја навредило и тоа што Москва никогаш не одбивала да соработува со Анкара и секогаш ги поддржувала Турците, дури и за „многу чувствителни прашања“, кои „не се вклопуваат во контекстот на меѓународното право, во одлуките кои ги предлага турската страна“.

Одговарајќи на прашањето дали зад инцидентот со соборениот руски авион можеби стои некоја „трета сила“, Путин одговори дека „тоа не го знае“., но дека можеби има „некој во турската власт кој се решил да им се ‘вовлече на едно место’ на Американците“, и оти „не може со сигурност да каже дека има такво нешто“. Путин не сакаше да изнесе претпоставка дали на Американците „им било потребно тоа или не“, во контекст на уривањето на рускиот авион и навлегувањето на турските сили во соседен Ирак, на што некој требало „да ги затвори очите“. „Сепак, можам да помислам дека на некое ниво постои некаков договор или некакви консултации околу соборувањето на авионот. Не знам што мислеа. Дека ќе побегнеме? Ние не сме таква земја“, порача.