Путин: САД го рушат Блатер и СП во Русија

0
179

Претседателот на Русија Владимир Путин ги критикуваше САД поради апсењето на челниците на ФИФА истакнувајќи дека немаат надлежност надвор од својата земја. Швајцарските власти по налогот на американскиот државан обвинител уапсија во средата 14 лица поради корупција, од кои шестмина се високи функционери на ФИФА.

„САД уште еднаш се обидоа да ги прошират своите надлежности надвор од своите граници. Ова без сомнение е обид да се спречи реизборот на господинот Блатер за претседтел на ФИФА и претставува грубо кршење на принципите според кои функционираат меѓународните организации“, рекол Путин.

„Апсењата делуваат чудно бидејќи се извршени по барање на американската страна под обвинение за корупција. Можеби некои од нив тоа и го сториле, но САД немаат врска со тоа. Овие луѓе не се државјани на САД, а доколку некои од делата за кои се товарат и се случиле, тоа не било на американска почва и САД немаат никава врска со тоа“, дополнил рускиот претседател.

Во врска со апсењата американскиот државен обвинител и швајцарското обвинителство покренаа и истрага за начинот на кој на Русија и Катар им била доделена организацијата на СП-а во 2018, односно 2022 година.

Путин истакнал дека корупцискиот скандал нема врска со Русија, ниту, , со организацијата на СП во 2018 година. Русија во трката за домаќин на СП во 2018 ги победи Англија, Португалија, Шпанија и заедничката кандидатура на Белгија и Холандија.

Светското превенство во Русија според планираното треба да се одржи од 14.јуни до 15.јули 2018 година на 12 стадиони во 11 руски градови: Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казан, Саранск, Калињинград, Волгоград, Ростов на Дон, Нижњи Новгород, Екатерингбург и Самара.