Путин се подготвува за решителен удар против ИСИС

0
206

Рускиот претседател Владимир Путин е спремен да го испрати својот најголем воен брод во близина на Сирија, тврдат неколку британски медиуми. Пристигнувањето на носачот на авиони Адмирал Кузњецов секако би бил силен удар врз милитантите на ИСИС, имајќи предвид дека станува збор за голема пловечка авионска и хеликоптерска база.

Најавите за повторно јакнење на вмешаноста на Русија пристигнуваат по неколку големи напади на исламистите, најпрвин во Истанбул, па во Дака, а особено во Багдад во изминатите денови.

Адмирал Кузњецов е долг 305 метри, а може да носи 41 борбен авион и 18 хеликоптери. Гигантскиот брод би бил вкотвен доволно блиску до сирискиот брег за авионите да можат акциите да ги извршуваат без слетувања во други бази. Во случај на пристигнување на единствениот носач на авиони, Русите неговите акции би ги усогласувале со воените акции кои почнуваат од базата Латакија на западот на Сирија.

www.mkd.mk